Германија е новиот светски шампион

Фудбалскиот свет доби нов владетел, а тоа е репрезентацијата на Германија која во финалниот натпревар од јубилејното 20. Светско првенство, забележа минимална, но злато вредна победа од 1:0 во дуелот против одличниот тим на Аргентина.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 112 минута, беше дело на резервниот напаѓач, Марио Геце, кој прво ја прими на гради топката која ми беше додадена од крилниот напаѓач на Челзи, Андрес Шурле, а потоа со еден прецизен удар, од волеј, го матираше одличниот голман на Аргентина, Серхио Ромеро.

Далеку почисти шанси за погодок имаа репрезентативците на Аргентина, но истите во погодок не ги претворија, Гонзало Игуаин, Лионел Меси и Родриго Паласио.

Германија по четврти пат се искачи на победничкиот трон, додека Аргентина како и прдц 24 години, повторно доживеа минимален пораз од големиот фудбалски ривал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.