четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 29

Германија е против заедничка обврзница на членките на Еврозоната

Германија е против издавање на заедничка обврзница за членките на Еврозоната, изјави денеска портпаролот на германското миннистерство за финансии Надин Калвеј, јавува дописникот на МИА од Берлин.

еврозоната

Поврзани вести

Изјавата на германското министерство за финансии доаѓа по информациите од Брисел дека Европската Комисија дискутира за оваа можност.

„Генерално негативниот став на германската федерална влада во врска со еврообврзницата не е променет“, изјави Калвеј во Берлин.

Според министерството за економија Германија има сомнежи дали за овој финансиски инструмент ќе има доволно голема побарувачка особено во кризни ситуации.

Весникот Ханделсблат денеска објави дека Европската Комисија и Европската Централна Банка разговараат за издавање на заедничка обврзница во еврозоната која што би се нарекувала „Европска сигурносна обврзница“ (ЕСБ).

Најчитани вести