Германија ги повика европските земји да најдат решение за имигрантската криза

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Штајнмаер ги повика европските земји да пронајдат заедничко решение за имигрантската криза.

– Германија веќе прифати 600.000 бегалци од почетокот на годината и секој ден пристигнуваат до 10.000 лица, наведе Штајнмаер во обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Германскиот министер предупреди дека во таква ситуација неговата земја нема да биде во состојба да се справи сама со ситуацијата.

– Имаме потреба од европско решение заедно со нашите европски соседи, рече Штајнмаер.

Тој повика за зајакнување на притисокот со цел уредување на конфликтот во Сирија, една од главните причини за приливот на бегалци, и поконкретно за излез од дипломатскиот ќорсокак по тоа прашање.

– Сега е неопходно Русија да преземе политички дејствија за одржување транзиција во земјата, истакна тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.