Германија ги предупредува мигрантите: Без полигамија и детски бракови

Германија нема да ја признае полигамијата ниту било какви бракови меѓу малолетници, изјави германскиот министер за правда Хајко Мас.

Оваа изјава доаѓа во моментот кога расте загриженоста, по рекордното доаѓање на мигрантите, од кои многумина се од муслимански земји.

Никој нема право да ги стави сопствените културни вредности и верски убедувања над нашиот закон, рече Мас во интервју за „Билд“ и додаде дека полигамните бракови нема да бидат признаени во Германија.

Според исламските закони, мажите имаат право на четири сопруги истовремено.

Во Германија полигамијата е забранета, иако законот предвидува слобода во некои случаи на мигранти што се венчани во странство. Таквите исклучоци се однесуваат на наследството по смртта на сопругот, кој со венчавката во странство имал повеќе сопруги по што имотот се дели на еднакви случаи на вдовиците, пренесува АФП.

Министерот исто така укажа дека браковите меѓу малолетниците не се дозволени, од страв дека се приморани на склопување брак.

Неможеме да толерираме присилни бракови, пред се, ако во брак стапуваат малолетни девојчиња, вели Мас.

Според податоците на УНИЦЕФ венчавките во кои барем еден сопружник е малолетен прават 40 отсто од сите бракови во Авганистан, од каде доаѓа една од најголемите групи мигранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.