Балкан

Германија го олади Ципрас, Грција оди во банкрот

Германија го олади Ципрас, Грција оди во банкрот

Германија, со канцеларката Ангела Меркел на чело, вчера го одби барањето на Грција да и продолжи финансискиот пакет за помош за шест месеци, со што земјата се движи на патот кон банкротот, оценуваат аналитичарите.

Покрај тоа, тие наведуваат дека Атина во склоп со новите преговори со Брисел се согласила Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд со што се гледа опоравување, што претставува првото кршење н а предизборните ветувања на премиерот Алексис Ципрас. Колку за потсетување, тој се заколна дека ќе ја прекине соработката со инспекторите на таканаречената „тројка“, кои ги обвини дека на неговата земја во минатиот период дека и нанеле голема економска и социјална штета наметнувајќи им строги мерки за штедење.

Без решение

„Писмото од Атина не нуди доволно добро решение. Цета на предлогот е привремено финансирање, без исполнување на обврските од програмата на меѓународната помош. Писмото не ги задоволува критериумите договорени на состанокот на министрите за финансии во еврозоната одржан во понеделникот“, изјави портпаролот на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Вчерашноото барање на Грција имало за цел да обезбеси заштитен чадор за банкарскиот сектор на оваа земја, вели неименувано официјално лице, додавајќи дека барањето се однесува на продолжување на кредитниот договор преку кој Грција го избегна банкротот во 2010 година и чија клучна компонента истекува за 9 дена.

„Атина не побарала продолжување на мерката на штедење, зголемување на данокот и реформите кои се сметаат за клучни услови за одобрување при земање на заем“, додава тој.

Инаку, Грција во формалното барање упатено до Брисел има за цел да и овозможи на Атина доволно време за да го осмисли новиот четиригодишен план на реформирање.

Продолжен рок

Меѓутоа, „тројката“ на Атина и дала рок до крајот на неделата да го поднесе барањето за продолжување на постоечката програма за помош, вклучувајќи ги буџетските мерки за птедење, а министрите за финансии од 19 земји од еврозоната денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок.

angela-merkel-foto-reuters-1424384289-618525

Факти: Сценарија ако Грција го напушти еврото

– Банкрот или страв од тоа може да предизвика пореметување кое би ги упропастило грчките банки
– Ќе ја натера државата да ја печати сопствената валута
– Во тој случај би дошло до затворање на банките и банкоматите за да се спречат луѓето од повлекување на пари пред еврото да се претвори во нова валута
– Може да потрае со месеци добивањето на нови тековни сметки
– Производството во Грција ќе опадне за уште 10 отсто во првата година откако ќе го напушти еврото.
– Вредноста на новата драхма би потонала за 50 или повеќе отсто во однос на еврото
– Тоа би значело драстично поскапување на увозните лекови, возила, нафта…
– На грчките компании кои на добавувачите им должат пари во евра, сметките одеднаш енормно ќе им пораснат долговите
– Депресијацијата на валутата сериозно ќе го намали грчкиот животен стандард

Бизарни тврдења: Иконата „плаче“ од победата на партијата на Сириза

Свештеник од Црквата „Свети Никола“ во грчкото село Аспрокамбос тврди дека една икона на Исус Христос во оваа црква „плаче“ од 25 јануари, односно од денот кога на изборите во оваа земја победила левичарската партија Сириза заедно со сегашниот премиер Алексис Ципрас. Поради оваа помалку бизирна појава во црквата почнале да се собираат верници кои велат дека на местото каде се наоѓа иконата на Исус на местото каде се очите, навистина тече чиста, леплива течност без мирис. Свештениците поради овој феномен ги повикале научниците да го истражат потеклото на солзите.