Германија го осуди истекувањето податоци од Facebook

Германската министерка за правосудство Катарина ги повика во четвтокот претставниците на Fаcbook на разговор во министерството за правосудство поради скандалот со нелегално истекување на информации на корисниците.

„Сакам информации за тоа како се случило тоа и што Facebook има намера да направи за тоа во иднина да не се повтори“, изјави новата министерка за правосудство Катарина Барлеј од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во Берлин.

Со тоа министерката реагираше на скандалот кој избувна откако во јавноста дојде информацијата дека британската компанија Cambridge Analytic на предизорниот шта на американскиот претседател Доналд Трамп му отстапила податоци за повеќе од 50 милиони корисници на Facebook без за тоа да бидат известени.

Барлеј укажала и на насоките од Европската унија за заштита на личните податоци кои стапуваат на сила во мај и кои предвидуваат високи казни во случај нарушувања.

„Свесни сме за тоа дека компаниите особено чувствително реагираат доколку казните се високи“, вели министерката.

Насоките на ЕУ предвидуваат па парични казни и до 4 отсто од годишниот промет, што во случајот на Facebook, како што вели, значи „прилична сума“.

Укажа на тоа и дека Facebook мора да им се прилагоди на корисниците да им овозможи на корисниците да им овозможи увид во тоа што се случува со нивните податоци.

„На секој корисни мора да му биде јасно дека користењето на социјалните мрежи не е бесплатно туку дека такаречи се плаќа со личните податоци“, рече Барлеј, но додаде дека тоа не значи дека сопствените на мрежата со податоците можат да прават што сакаат. Укажа дека на тоа дека станува збор за „европски а не за национален проблем“.

Коалицискиот партнер Христијанско-социјалната унија (CSU) веднаш ја поздрави реакцијата на министерката.

„Довербата на корисниците кои очекуваат нивните податоци да се користат само за одредени цели е разнишана до темели“, изјави пратеникот Волкер Урлих кој најави и вонредна седница на комисијата за дигитализиација на Бундестагот кој ќе се занимава со скандалот за нелегалното собирање на личните податоци и за таа цел ќе ги сослуша претставниците на Facebook во Германија.