Германија: Годишно по околу 700 смртни случаи поради „заборавеност“ на хирурзите

Германското Здружение за заштита на правата на пациентите проценува дека заборавањето газа и други предмети во тело на пациенти за време на оперативни зафати годишно предизвикува смрт на околу 700 луѓе.

Здружението за безбедност на пациенти (АПС) наведува дека научно истражување сугерира дека има речиси 3.000 случаи во кои „туѓо тело“ е оставено за време на оперативни зафати во тела на пациенти.

Во случаи кои не завршуваат со смртнен исход, тие предмети се отстрануваат со нов оперативен зафат. Здружението опфаќа лекари, здравствени установи, болници и осигурителни куќи и се борат за построги прописи кои би спречиле ненамерна штета на пациенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.