Германија и даде на Грција листа со повеќе од 100.000 лица што затајуваат данок

Германија и предаде на Грција имиња на повеќе од 10.000 граѓани што се сомничат дека затајуваат данок преку банковни сметки во швајцарски банки.

Списокот, на кој се наоѓаат банкарските сметки вредни 3,6 милијарди евра – или двоен износ од последната помош што Атина ја доби од кредиторите на почетокот на неделата, му била предадена на грчкото министерство за финансии со цел да и се помогне на земјата да ги зголеми даночните приходи, пишува британски „Гардијан“.

На листата, како што пишува весникот, се имињата на 10.588 депозитори, меѓу кои се и имињата на на некои компании.

Во октомври 2010-тата на Грција и беше дадена слична листа од страна на Кристин Лагард, која во моментот беше министер за финансии во Франција, на која беа имињата на повеќе од 2.000 Грци кои имаат депозити во швајцарската подружница на банката ХСБЦ.