Бразил2014

Германија и закажа дуел на Франција

Германија и закажа дуел на Франција

Пласман во 1/4 финалната рунда обезбедија и репрезентативците на Германија на кои им потребни дури 120 минути за да забележат минимален триумф од 2:1 во дуелот против одличниот тим на Алжир.

Големиот фаворит дојде во водство во 92 минута со погодокот на Андрес Шурле, а 120 минута, во листата на стрелци се запиша и Месут Озил.

Веќе во следниот напад Алжир намали на 2:1 со погодокот на Абделмене Џабу.

Противник на Германија во 1/4 финалната рунда ќе биде репрезентацијата на Франција, а тој натпревар ќе биде одигран на 4 јули.

“Победивме благодарение на нашата желба, на нашата сила, но не можам да кажам дека сум задоволен од играта во првото полувреме. Одигравме подобро во вторите 45 минути и во двете продолженија. Моравме да постигнеме погодок во второто полувреме. Без причина му дозволивме на противникот да го наметне својот стил на игра. Имавме големи проблеми со нивните долги топки, со брзите контра напади. Имавме потреба од фудбалери кои ќе ја направат потребната разлика. Затоа шасна добија Кедира и Шурле кои имаат голем удел во оваа победа”, изјави предводникот на Германија, Јоаким Лев.