Германија им плаќа на потрошувачите да трошат струја

Германија има добри резултати во користењето на енергија од обновливи извори, поради што цените на струјата паднале на негативни броеви, а на потрошувачите речиси и им се плаќа за да трошат струја.

Во сончевите и ветровитите денови преку соларни панели и турбини на ветер се обезбедува дури 87 отсто од обновливата енергија.

Германија е една од неколкуте водечки европски земји што се повеќе се потпираат на чистата енергија, додека, истовремено работат на целосно отфрлање на користењето на фосилните горива. Минатата година изворите на обновлива енергија учествувале со 33 отсто од вкупната потрошувачка.

Со оглед на тоа што производството во електраните на јаглен и во нуклеарните централи неможе брзо да се прекине, Германците се присилени и понатаму да ја продаваат струјата на електро-мрежите, па и со загуби. Тоа значи, дека во суштина, им овозможуваат на индустриските потрошувачи да заработуваат пари со трошењето на струја.

Германија сака во целост да премине на обновлива енергија до 2050-тата година, а наскоро владата ќе објави и формална одлука за напуштање на фосилните горива.

Јагленот сеуште е извор на 40 отсто од енергијата што е произведена во Германија и се смета за важен дел за стабилното снабдување, со оглед на тоа што Германија ги напушта нуклеарните електрани и ги заменува со обновливи извори.