Германија има највисока стапка на наталитет во последните 33 години

наталитет

– Забележуваме континуитет во позитивниот раст од 2012 година кога наталитетот бил на ниво од 1,47 деца по жена, се вели во извештајот на Агенцијата за статистика.

Најбројната членка на светот има население од 81 милион жители но се наоѓа меѓу групата земји со најниска стапка на новородени деца во светот.

За природно обновување на населението и задоволување на потребите на економијата на Германија се потребни 2,1 деца.

Според статистиката наталитетот е повисок кај жените од негерманско потекло, каде тој од 2014 до 2015 е зголемен од 1,86 на 1,95 деца со што значително се придонесува за генералното зголемување на наталитетот во земјата.

Просечната старост на жените при првото породување е 29 години и 7 месеци , при второто на близу 32 години, а третото околу 33 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.