Свет

Германија испраќа бегалци кон Белгија

Германија испраќа бегалци кон Белгија

Германија испраќа дел од мигрантите кон Белгија, изјави портпаролот на белгиската Граѓанска платформа за поддршка на бегалци.

Според него за тоа сведочат бегалци, кои поминале преку Германија и пристигнале во Белгија.

Тие изјавија дека добиле инструкции од германските власти да не поднесуваат барања за азил во Германија и да си ја пробаат среќата во Белгија.

Белгиските центри за бегалци веќе се пополнети, јавуваат белгиските медиуми, а истовремено од почетокот на ноември се набљудува нов прилив на кандидати кои бараат азил во Белгија.

Со оглед на тоа што повеќе нема место во прифатните центри, каде кандидатите го чекаат одговорот на нивното барање, некои од нив престојуваат на улиците.