Германија ја поттикнува ЕУ да додел две милијарди евра за западен Балкан

Европската унија по инсистирање на Германија се подговтвува да инвестира дополнителни две милијарди евра во земјите на подрачјето на западен Балкан, за да ја поттикне нивната меѓусебна соработка и стабилизирање на регионот, како и за да ги забрза нивните приближувања на европските интеграции, пишува во четвртокот сараевскиот дневен весник Dnevni Avaz, повикувајќи се на извори од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

„По состанокот на Советот на министри на ЕУ и Европскиот совет, каде што посебно се зборуваше за стуацијата на Балканот, имавме многи детални разговори во канцелариите на претседателот на Европската комисја, Жан-Клод Јункер, и со комесарот за проширување Јоханес Хан. Кажано ни е дека ЕУ мора да вложи дополнителни средства за стабилизирање и подобрување на ситуацијата на Балканот. Од нас е побарано да го ’претресеме’ буџетот планиран за годинава и да пронајдеме модуси за пренасочување на парите во проекти на Балканот“, изјавил за весникот неименуван извор од ЕИБ.

Станува збор за иницијатива којашто потекнала од Берлин, бидејќи Германија смета дека е потребен нов уште посилен ангажман чијашто цел ќе биде да се стабилизираат и поврзат Босна и Херцеговина, како и Србја, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија, се наведува во написот на Dnevni Avaz.

Германската иницијатива наводно е во износ од две милијарди евра, а станува збор за дополнителни средства, покрај оние кои се најавени преку процесот „Берлин плус“ покренат во 2014 година.

Според написот, опцијата за којашто се размслува е средствата наменети за другите региони и земји да бидат пренасочени за земјите од западен Балкан. Една од таквите држави е Турција, којашто би останала без финансирање од ЕУ поради спорните за Брисел политички потези на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на 31 мај на состанокот со колегите од шесте држави на западен Балкагн претставил некои елементи од новата иницијатива. Тогаш, на пример, била спомената важноста од проекти како што се автопат кој би ги поврзувал Србија и Албанија преку Косово. Покрај економскиот напредок, ваквите приоекти би требало да придонесат за зацврстување на мирот и безбедноста во регионот, сметаат во Берлин.