Германија ja прогласи Македонија за безбеднa земјa

Горниот дом на германскиот Парламент денеска го усвои законот предложен од Владата, со кој Македонија, Србија и БиХ се прогласуваат за безбедни земји, а барањата на граѓаните на трите држава за политички азил во Германија ќе бидат отфрлаат како неосновани.

Според официјални податоци, од 22.000 барања за азил од граѓани на трите земји, минатата година германските власти одобриле само 60.

Пред неколку месеци германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, соопштувајќи ја намерата на Владата да го прошири списокот на безбедносни земји, истакна дека Македонија и Србија се земји кандидатки за членство во ЕУ, а БиХ, исто така, прави напори да го добие истиот статус, така што може да се очекува тие добро да внимаваат на своите граѓани.

Германските демохристијани настојуваа Албанија и Црна Гора, исто така, да бидат прогласени за безбедни држави, но социјалдемократите не се согласиле со тоа.