Германија ја тужи Украина за падот на малезискиот авион

Семејствата на Германците што загинаа во падот на малезискиот авион на летот МХ17 најавија дека ќе поднесат тужба против Украина и украинскиот претседател.

Адвокатот што ги претставува семејствата на жртвите најави тужба за убиство од небрежност на 298 луѓе, односно на сите патници од авионот, кој беше соборен над источна Украина.

Застапникот на семејствата, Елмар Гијемула, посочил дека според правилата на меѓународното право, Украина требало да го затвори својот воздушен простор ако не била сигурна дека може да осигури целосна безбедност.

„Секоја држава е одговорна за безбедноста на нејзиниот воздушен простор. Ако од некоја причина не е во можност тоа да го постигне, тогаш треба да ги забрани прелетувањата. Украина не го стори тоа и таа е виновна за штетата“, рече Гијемула, пренесува Ројтерс.

Билд ам Зонтаг, пак, го цитираше Гиемула како вели дека со одлуката да не го затвори својот воздушен простор, Украина се помирила со тоа дека животите на стотици луѓе се изложени на опасност и тоа е прекршување на човековите права.

Тој најавил дека за две недели ќе поднесе тужба пред Европскиот суд за човекови права, а едно од барањата е и отштета од 1 милион евра по жртва.

Малезискиот авион на летот МХ17 се урна на 17 јули, при што загинаа 298 луѓе. Две третини од убиените беа Холанѓани. Конечниот извештај од истрагата за несреќата се очекува в година.