Германија ја зајакнува контролата и на границата со Чешка

ОН: Над 700.000 бегалци годинава пристигнале во Европа преку Медитеранот
ОН: Над 700.000 бегалци годинава пристигнале во Европа преку Медитеранот

Германија ја прошири контролата на границата и со Чешка за да го запре криумчарење луѓе и подобро да се справи со приливот на бегалци, соопшти денеска портпаролот на федералната полиција Кристијан Мајнхолд.

Полицијата почна да ја контролира границата доцна синоќа на автопатот А17, кој ја поврзува Саксонија, на истокот на Германија, со Чешка, рече портпаролот Мајнхолд.

Мајнхолд наведе дека од синоќа уапсени се четири шверцери.

Истовремено е соопштено дека вчера во Германија влегле 9.100 бегалци, што е за 3.100 повеќе во однос на претходниот ден.

Како што се наведува, речиси сите влегле од територијата на Австрија.