Германија ја започна прославата за падот на Берлинскиот ѕид

Германија ја започна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Соноќа беа осветлени речиси 7.000 бели балони кои се протегаат од земјата кон 15 километрскиот ѕид.

Прославата ќе заврши со голем фестивал во Берлин на 9 ноември по повод одбележувањето на точно 25 години откако германските поделби за време на Студената војна беа прекршени на 9 ноември, 1989 година.

Германија денес ја водат двајца источни Германци – Меркел и шефот на државата Јоахим Гаук, поранешен харизматичен свештеник од Росток и борец за човековите права во ДДР.

Кога станува збор за Берлинскиот ѕид, кој од 13 август 1961 година, па сè до 9 ноември 1989 година, речиси три децении, ја делеше Германија, на едно од основните прашања – колку човечки жртви однел тој – историчарите, изгледа, уште немаат дадено дефинитивен одговор.

Податоците велат дека постојат докази за најмалку 136 лица што го изгубиле животот обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид, а последните сознанија на истражувачите велат дека можеби настрадале дури и 245 лица.

Меѓу жртвите на ѕидот, кој го чувале околу 11.500 илјади војници и кој источногерманските власти строго го контролирале, имало, за жал, како што вели историјата, и пет деца, кои главно се удавиле во реката Шпре, обидувајќи се да препливаат на другата страна.