Свет

Германија ја засилува борбата против екстремистите, испраќа 40 воени структури

Германија ја засилува борбата против екстремистите, испраќа 40 воени структури

Германската канцеларка Ангела Меркел, според информаиите на весникот „Зиддојче цајтунг“ ја разгледува можноста за посилно германско учество во борбата против екстремистичката група „Исламска држава“.

Меркел има намера во текот на наредната недела да разговара со одговорните министри во нејзината влада, за тоа дали Германија треба во поголем обем да се вклучи во воената операција против ИД во Ирак и во Сирија, на која повикаа Соединетите Американски Држави. Станува збор за прашањето што е можно да се стори за стабилизација на ситуацијата во двете земји. Во фокусот притоа треба да биде политичката и хуманитарната помош, пишува весникот, кој од печат излегува во Минхен.

Според извештај на весникот „Билд“, пак , Германија планира да испрати околу 40 воени инструктори во Ирак, за да ги обучуваат курдските борци за да ракуваат со оружје. Станува збор за припадници на падобранските единици на Бундесверот.

Германското министерство за одбрана соопшти дека секоја од германските вооружени пратки, кои ќе почнат да се превезуваат по воздух кон Ирак подоцна овој месец, ќе биде придружувана од околу шест војници.