Германија ќе ги прогласи Алжир, Мароко и Тунис за безбедни земји

Германија е на пат да ги прогласи Алжир, Мароко и Тунис за безбедни земји, јави МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот ја одобри ваквата одлука со 424 гласа „за” наспротив 143 „против” и двајца воздржани. За да биде усвоена мерката,е потребно е таа да помине и во горниот дом, Бундесратот.

Кога трите северноафриканска земји ќе бидат прогласени за безбедни, нивните граѓани нема да имаат право да аплицираат за азил во Германија. Минатата година Германија прогласи за безбедни неколку западнобалкански земји.

Германија од лани ги смета и Албанија, БиХ, Гана, Косово, Македонија, Црна Гора, Сенегал и Србија се „земји со безбедно потекло“.

Германските власти ги преземаат овие мерки поради миграцискиот бран, што ја зафати земјата. Околу 1,1 милиони кандидати за азил во Германија беа регистрирани минатата година.