Германијa ќе ги враќа лажните азиланти со воени транспортни авиони

Германијa ќе ги враќа лажните азиланти со воени транспортни авиони
Германијa ќе ги враќа лажните азиланти со воени транспортни авиони

Германските власти размислуваат да користат воени транспортни авиони за да ги вратат дома барателите на азил, чии барања ќе бидат одбиени како неосновани, јави дописникот на МИА од Берлин.

Германските медиуми објавуваат дека во акцијата за забрзување на депортацијата на луѓе кои не доаѓаат од земји зафатени од војна, федералната и 16 покраински влади покрај цивилните летови кои се користат сега, ќе ги употребуваат и транспортните авиони на германската армија.

Весникот „Билд“ цитира анонимни извори во германската Влада, според кои, процесот за забрзување на враќањето на одбиените баратели на азил вклучува и нивно неинформирање однапред за транспортот во татковината.

Од планот кој засега нема конкретни рамки се изземени бегалците од Сирија и Ирак, каде што во моментов има воени конфликти. Една од промените е и тоа што депортациите ќе се одвиваат и во зимскиот период меѓу ноември и март, во кој предходно се избегнуваше враќање на азилантите.

Во 2015 бројот на лица кои биле одбиени во барањата за азил е поголем од бројот на оние што добиле статус на азиланти, односно вкупно 193 илјади луѓе се на листата за враќање дома.

Најголем дел од оние кои оваа година пристигнале во Германија како емигранти се од балканските земји. Во моментов дневно во Германија влегуваат околу 10 илјади мигранти.