Германија ќе испрати воени авиони „Торнадо“ во борба против ИД

Германија е подготвена да испрати воени авиони Торнадо што би биле дел од коалициските сили во борбата против терористичката Исламска држава во Сирија, јави ДПА повикувајќи се на владин извор.

Одлуката за испраќање на воените авиони била донесена на средба на канцеларот Ангела Меркел со министри од нејзиниот кабинет откако таа се согласила во преговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд да се достави воена помош во меѓународната битка против ИД, пренесува МИА.

За испраќањето авиони треба да се гласа во Парламентот, но засега не се знае кога тоа ќе се случи. Според медиуми, Париз побарал таков вид авиони да обезбедат разузнавачка поддршка за француската воена мисија против ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.