Германија ќе ја легализира употребата на канабис за медицински цели

Канабисот ќе биде достапен за сериозно заболените пациенти во Германија со рецепт во аптеките и неговата употреба би можела да биде покриена и со здравствено осигурување, најави германскиот министер за здравство Херман Груе, пренесува „Раша Тудеј“.

Се очекува дека законот ќе стапи на сила во 2017-тата година. Нацрт законот за олеснување на регулативата за користење на канабис за медицински цели е со цел истиот да биде достапен и за сериозно болните пациенти што претходно не беа во можност да го добијат лекот. Нацрт-законот се очекува денес да биде одобрен од владата, а потоа да биде доставен во германскиот Парламент за понатамошна дебата.

Клучно е тоа што, со овој закон медицинскиот канабис ќе биде покриен со здравственото осигурување на пациентите.