Германија ќе почне да ги протерува одбиените баратели на азил

Ова е потврдено и од страна на специјалниот Координатор за бегалци, шефот на канцелариската служба Петер Алтмајер.

Тоа најверојатно ќе почне дури неколку дена порано, изјави Алтмајер денес за АРД Моргенмагазин по повод примената на законот, кој од 1-ви ноември требаше да стапи на снага и кој предвидува поедноставување на постапката за депортација на одбиените азиланти.

Масовна емиграција на Косово
Масовна емиграција на Косово

Алтмајер како нови безбедни земји ги дефинира Косово, Албанија и Црна Гора, што значи дека во тие земји нема ниту политички прогон, ниту политичко измачување, па затоа нема ниту причини за зали, но барањата на граѓаните сепак може поединечно да бидат проверувани.

Според информациите на дневникот „Велт“ голем број одбиени азиланти одлучуваат доброволно да ја напуштат Германија, па така од јануари до септември земјата ја напуштиле 22.400 лица, а 11.500 биле протерани.