петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 53

Германија ќе прави повнимателна проверка при регрутирање војници (ДПЛ)

Германското Министерството за одбрана предлага повнимателна проверка на кандидатите за воена служба поради опасност дека во армијата може да влезат исламски екстремисти и да се здобијат со воена обука

132928978

Последни вести

Предлогот за воведување дополнителни проверки ќе биде поднесен овој месец.

Според предлогот, како што јави дописникот на МИА од Берлин, во иднина сите нови припадници на Бундесверот ќе бидат проверувани пред да стапат во воена служба.

Во извештај на германското воено разузнавање, 29 поранешни војници од Бундесверот заминале во Сирија или Ирак за да бидат на страна на џихадистите.

Во германската армија се водат десетици истраги за екстремизам од секаков карактер а во 65 случаи истрагата опфаќа исламски екстремисти и во моментот се процесуираат 65 дела против осомничени исламски екстремисти.

Парламентарниот комесар за вооружените сили на Германија, Ханс – Петер Бартелс смета дека фактот што воената обука во германската армија е атрактивна за екстремистите треба да се анализира сериозно.

Бартелес сепак прознава дека се уште нема доказии оти „некоја исламистичка организација систематски се обидува да инфилтирира свои луѓе во армијата“.

Најчитани вести