Германија ќе игра наместо Австралија на СП во Катар

Ракометната репрезентација на Германија ќе биде дел од Светското првенство во Катар откако добила зелено светло од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), бидејќи Австралија испрати допис дека нема да настапи на Мундијалот.

Ваквата одлука претставува преседан, со оглед на фактот дека од сите елиминирани селекции во баражот своеволно беше избрана токму Германија, што е само уште еден доказ за приврзаноста на европската и светската куќа на ракометот кон оваа земја.

Германија во баражот за ова натпреварување беше елиминирана од селекцијата на Полска, но нема да пропуши уште едо големо натпреварување благодарение на откажувањето на Австралија.