Германија ќе ја санкционира Грција ако заплени нивен имот

Официјален Берлин одбива да ги коментира заканите од Грција за заплена на германски имот, земја и компании со цел да се обезбеди компензација за штетата направена за време на Втората светска војна од нацистички окупаторски власти.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, дел од претставниците на германската адмнистрација овие закани неофицијално ги оквалификува како „пропаганден блеф“ и „однесување надвор од рамката во која што треба да фукнционираат европски партнери“.

Германската влада предходно ги отфлри барања на Грција за воена отштета со образложение дека со договорот од 1960 година и исплатата на 115 германски марки, прашањето за воените репарации и компензации е правно и политички завршено.

– Сега треба да се насочиме на актуелните прашања и се надевам на тоа што ќе биде утре, изјави портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефан Зајберт, додавајќи дека прашањето за воените репарации не влијае на разговорите за спас на Грција.

Ханс Михелбах од Христијанско социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел во Баварија, исто како и најтиражниот германски весник „Билд“, кој на насловната страница ја нападна Грција за нејзините барања, се многу подиректни.

– Ова прашање е затворено во 1950 година. Доколку Грција заплени германски имот Германија ќе знае како да се одбрани, вели Михелбах, по најавите од Атина дека министерот за правда ќе дозволи заплена на имот на Институтот „Гете“ во Атина, кој ја промовира германска литература и култура, како и на објекти во сопственост на Германскиот археолошки институт во Атина.

Според грчките закони, министерот може да нареди спроведување на судската одлука од 2000 година кога Врхвниот суд одлучи Германија да плати 28 милиони евра како компензиација на семејствата на жртвите од масакрот во селото Дистомо во 1944 година извршен од нацистички војници.

Грчкиот министер за правда Папаскевопулос вчера изјави дека е подготвен да го потпише налогот за ивршување на судската пресуда.

За разлика од партијата Левица (Линке), која бара да се разгледаат барањата на Грција за воени репарации и која лани во Бундестагот побара да се дебатира за ова прашање, останатите политички фактори се против идејата 70 години по воениот конфликт да се исплаќаат воени репарации и компензации.

Според студијата нарачана од поранешната грчка Влада, Германија треба да исплати меѓу 269 и 332 милијарди евра за направените штети во Грција за време на нацистичката окупација. Во сумите е пресметан и кредитот што Грчката народна банка во 1944 година под принуда им го дала на нацистичите власти. Врховиот суд на Грција веќе една година ја проучува студијата со цел да утврди како може да се натера Германија да ја плати штетата.

Максималната сума од 332 милијарди евра што ja бара Грција е блиска до сумата што Атина им ја должи на кредиторите, поради што голем дел од Германците сметаат дека барањето за воени репарации треба да го поништи актуелниот долг кон странските доверители. Германија е најголем индивидуален кредитор на Грција со дадени околу 55 милијарди евра од вкупната сума од над 370 милијарди евра што постојано расте.