Германија ќе нема милост за Алжир

Големиот фаворит за светската титула, репрезентацијата на Германија, важи за апсолутен фаворит во денешниот осминафинален дуел против селекцијата на Алжир и се освен победа на популарните “панцири” ќе биде дефинирано како вистинска и можеби најголема сензација на Мундијалот во Бразил.

Предводникот на Германија, Јоаким Лев нема никакви проблеми кога е во прашање здравствениот билтен, а како и на претходните натпревари, така и на овој, најголема опасност пред противничкиот гол треба да биде бомбардерот на Баерн (М), Томас Милер.

“Сега сме дел од осминафиналната рунда, станува збор за сосема поинаква ситуација. Тука репрезентациите немаат право на грешка, секоја скапо се плаќа, се плаќа со елиминација и со лавина од остри критики. Сега играме на се или ништо. Потребна е сосема поинаква динамика, потребен е поинаков ритам. Тензијата ќе расте од минута во минута. Мојот тим е подготвен за секаков предизвик. Секој противник заслужува максимален респект, но ако ја играме нашата игра, тогаш Алжир нема никава шанса за успех”, изјави пред натпреварот предводникот на “панцирите”, Јоаким Лев.