Германија ќе нема милост за Гана

Големиот фаворит за светската круна, репрезентацијата на Германија многу полесно од очекуваното ја торпедираше селекцијата на Ппортугалија, а ништо подобро не би требало да помине и денешниот противник на “панцирите”, националниот тим на Гана.

Избраниците на Јоаким Лев имаат потреба од уште една победа за да и математички го осигураат пласманот во 1/8 финалната рунда, додека претставникот на Африка може да остане во игра за првите две позиции само ако забележи позитивен резултат во дуелот против апсолутниот фаворит.

Како и претходниот натпревар, така и на овој, најголема опасност пред голот на Гана ќе биде напаѓачот на Баерн (М), Томас Милер, а добра игра се очекува и од крилните напаѓачи Месут Озил и Марио Геце.

“Веќе го заборавивме дуелот против Португалија и целосно сме фокусирани на пресметката против репрезентацијата на Гана. Милер на претходниот натпревар покажа дека е напаѓач од светска класа и нормално е што сега сите имаат такво очекување дека ќе приреди нов шоу и на дуелот против Гана. Многу е тешко да се игра против тим кој се бори за гол живот, кој нема друга опција освен да победи. Мора да бидеме сконцентрирани до последниот судиски свиреж, мора да ја искористиме секоја шанса пред противничкиот гол, изјави предводникот на “панцирите”, Јоаким Лев.
Дуелот помеѓу Германија и Португалија стартува во 21:00 часот.