Германија ќе организира конференција за бегалците од Сирија и од Иракфд

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе организира меѓународна конференција за кризата со бегалците предизвикана од конфликтите во Сирија и во Ирак, објави МИА.

– Конференцијата е планирана за 28 октомври, бидејќи претпоставуваме дека ситуацијата во Сирија ќе се подобри во следните месеци – изјави портпаролот на германското МНР, Саусан Чебли.

Не е прецизирано каде ќе се одржи конференцијата.

Пред два дена Анкара соопшти дека за четири дена во Турција влегле околу 130.000 луѓе, кои бегале од припадниците на Исламска држава. Од почетокот на конфликтот во 2011 година Сирија ја напуштиле околу три милиони луѓе.