среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 42

Германија со криење на живината ќе се бори против „птичјиот грип“

Германската Влада планира да им нареди на сите фармери да ја држат живината во затворени простории, поради опасноста од проширување на новата зараза на вирусот на птичјиот грип, кој повторно се појави во земјата.

германија

Поврзани вести

Оваа информација денеска за медиумите ја потврди у германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит, според кого, тоа е една од можните мерки со која земјата ќе се бори против новата епидемија на птичји грип што ја зафати Германија,

Пред да биде донесена каква било одлука Германија ќе се консултира со членките на ЕУ, меѓу кои и со Холандија, Полска и Данска.

Новата епиденија на вирусот Х5Н8, познат како „птичји груп“, изминатиов викендов беше прогласена во Германија и Швајцарија, а вирусот повторно е забележан и во Австрија, Унгарија, Полска, Холандија, Данска и Хрватска.

Денеска во Брисел на оваа тема ќе разговараат и министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ.

Најчитани вести