Германија лани спречила 307 опасни бегалци да влезат во земјата

Германската федерална агенција за миграција и бегалци (БАМФ) откри дека во 2016 година на 307 луѓе кои побарале азил во земјата одбила да им укаже гостопримство поради тоа што се сметаат за „опасни по јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи со една или повеќе членки на Европската Унија“.

Според податоците објавени од БАМФ германските служби за безбедност спречиле влез на дополнителни 244 мигранти кои што предходно биле одбиени при влезот во земјата. Најголем дел од нив се веќе регистрирани во информативниот систем на земјите од „Шенген зоната“ како сторители на сериозни криминални престапи.

Германските критериуми за одбивање на мигранти и генерално странци при влез во земјата велат дека кривични дела поврзани со наркотици или насилство можат да бидат доволна причина за одбиваање на странци но искуството покажува дека речиси кај сите одбиени има и други причини кои што не се секогаш прецизно наведени, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Германија покрај големиот број на мигранти криминалци кои што сакаат да влезат во земјата со легално издадени документи се соочува и со илјадници луѓе кои што за влез во ЕУ користата лажни документи .

Проверката на околу 400 илјади документи на мигранти покажало дека речиси една четвртина може да не се автентични а за шест отсто од нив е потврдено дека се фалсификувани. Фалсификуваните документи најчесто од мигрантите се користат за да ја скријат земјата на потекло особено ако таа е во таканаречената група на „безбедни земји“, да го скријат криминалното досие или да спречат депортација. Германските власти по нападот на божиќниот панаѓур во Берлин открија дека напаѓачот Тунижанинот Анис Амри кој усмрти 12 лица имал неколку лажни идентитети со кои се криел од властите во Германија и ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.