Спорт

Европски квалификации СП 2018 Германија максимална, Полска мина, Словенија ги сопре Шкотите

Германија максимална, Полска мина, Словенија ги сопре Шкотите

Актуелните светски прваци, фудбалерите на Германија се пласираа на светското првенство коешто во 2018 година ќе се игра во Русија со максималните 10 победи импресивна гол-разлика 43:4.

Во последното коли на Групата Ц, Германија во Кајзерслаутерн го декласираше Азербејџан со 5:1. Гостите добро издржаа во првото полувреме кое заврши 1:1, но во продолжението следеше целосен потоп.

Домашните поведоа во 9 минута со луцидниот погодок со петица на Леон Горетцка, а изедначи Рамил Шајдаев во 34 минута по одличен соло продор. Во 5 минута Сандро Вагнер го постигна вториот гол за „панцирите“, а потоа Антониот Рудигер во 54 и Горетцка две минути подоцна, како и Емре ЧАн во 81 минута го постигнаа конечниот резултат.

Второто место во Групата Ц и место во дополнителните квалификации и пред последното коло го обезбеди Северна Ирска која во Осло загуби од Норвешка со 0:1, благодарејќи на автоголот на Крис Брунт во 71 минута.

Чешка квалификациите ги заврши со победата против Сан Марино од 5:0. Михаел Крменцик беше стрелц во 8 и 23 минута, а потоа погодија и Јан Копиц во 27, Филип Новак во 71 и Вацлав Каделц во 83 минута.

Германија квалификациите ги заврши со максимални 30 бодови, Северна Ирска е втора со 19 бодови, Чешка освои 1, Норвешка 13, Азербејџан 10, а Сан Марино остана без бодови.

Во Групата Е, Полска со победата од 4:2 над Црна Гора го потврди првото место и пласманот на мундијалот во Русија. Стрелци за домаќините неа Криштоф Мачунски во 6, Камил Кросицки во 16, Роберт Лавандовски во 85 и автоголот на Филип Стојковиќ во 87 минута. Црногорците ги постигнаа головите преку Стефан Мугоша во 78 и Жарко Томашевиќ во 83 минута.

Данска одигра нерешено со Романија 1:1. Домашните поведоа преку Кристијан Ериксен во 60 минута од пенал, а Киприан Деак изедначи во 88 минути, и покрај тоа што Романците од 63 минута играа без исклучениот Георге Ганеа.

Без победник одиграа и Казахстан и Ерменија. Гостите поведоа во 26 минута преку напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хенрик Мкхитарјан, а домашните изедначија во 62 минута преку Маујрзан Турусбек.

Во оваа група Полска е на чело на табелата со 25 бодови, додека Данска оди во дополнителните квалификации со 20 бодови. Црна Гора е трета со 16, Романија има 13, Ерменија 7 а Казахстан освои бода.

Во групата Ф Англија од претходно го имаше обезбедено пласманот на Мундијалот, а во последното коло преку Хари Кејн во 27 минута од пенал ја совлада минимално на гостувањето Литванија.

Шкотска не успеа да се избори за дополнителните квалификации, бидејќи на гостувањето кај Словенија одигра нерешено 2:2. Лејг Грифитс во 32 минута ги подгреа надежите на Шкотите, но потоа нив ги потопи Роман Безјак со головите во 52 и 72 минута, а надежите при крајот на мечот ги врати Роберт Снодграс во 87 минута.

Очекувано Словачка пред својата публика со головите на Адам Немец во 33 и 62 минута и Ондреј Дуда во 69 минута ја совлада Малта со 3:0.

Англија е убедлива со 26 бодови, пред Словачка со 18 бодови, колку што со убедливо послаба гол-разлика има и Шкотска. Следуваат Словенија со 1, Литванија со 6 и Малта со само 1 бод.