Германија со можни перки против Русија ако не се сопре со нападите во Алепо

мерки

– ЕУ засега нема предвидено консултации на таа тема. Денеска само го рагледавме прашањето за тоа што е неопходно да се направи за да им се помогне на луѓето во Алепо, рече Меркел на прес-конференцијата по завршувањето на првиот дел од дводневниот Самит на ЕУ во Брисел.

На истата прес-конференција, француксиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ЕУ не донела одлука за санкции против Москва поради нејзините активности во Сирија, но дека казнените мерки кои се воведени кон Русија поради Украина остануваат во сила.

– Се договоривме да преземеме се што е неопходно за да извршиме притисок врз Русија за продолжување на примирјето во Алепо, изјави Оланд.

Тој додаде дека за оваа тема било разговарано и на неговата средба со Меркел и со рускиот претседател Владимир Путин, што се одржа во средата во Берлин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.