Германија му даде „жолт картон“ на Ципрас

Претставникот на министерот за финансии Волфганг Шојбле, Мартин Јегер, рече дека Ципрас ги прекршија основните правила во односите помеѓу 19-те членки на еврозоната.

„Во врска со коментарите од изминатиот викенд во Атина, поврзани за Шпанија и Португалија, можам да кажам дека според европските стандарди тие претставуваат многу невообичаен фаул, кажано со фудбалки жаргон. Тоа не се прави во еврогрупата. Така не се прават работите“, рече Јегер.

Европската унија соопшти дека се обидува да посредува во  според што тлее помеѓу Грција и нејзините партнери во еврозоната-Шпанија и Португалија, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвини двете држави дека ги реметат преговорите на Грција со Брисел за продолжувањето на финансиската помош.

Ципрас во саботата ги обвини Шпанија и Португалија дека ја предводат конзервативната завера во уривањето на неговата левичарска влада, во страв од сопствените радикални сили пред изворите во оваа година.

Ципрас, исто така, ги отфрли критиките дека Атина направила отстапување за да обезбеди финансиска помош од еврозоната.

Во говорот во својата партија Сириза, Ципрас ги обвини Мадрид и Лисабон за завземање на тврда линија во преговорите, кои доведоа до тоа еврозоната минатата недела го продолжи пакетот помош за Атина на наредните четири месеци.

„Наидовме на осовина од сили како противници, предводени од владите на Шпанија и Португалија, кои од очигледни политички причини, се обидуваа целокупните преговори да ги доведат до раб“, рече Ципрас, кој на 25 јануари победи на изборите.

„Нивниот план беше да не исцрпат, соборат или да ја доведат нашата влада до безусловно предавање пред да започне нашата работа и пред грчкиот пример да изврши влијание на  другите држави, воглавно пред изборите во Шпранија“, рече Ципрас.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој го повика Ципрас да стане сериозен во поглед  на економијата на својата држава, која е во должничка криза.

„Ние не сме одговорни за незадоволството на радикалната грчка левица која им вети на Грците она што знаеше дека не може да го исполни“, рече Рахој.

Тој потсети дека Шпранија и помогна на Грција со над 26 милијарди евра иако и самата е во финансиска криза.