Спорт

Германија на нозе, Борусија Дортмуд гостува во Минхен

Германија на нозе, Борусија Дортмуд гостува во Минхен

Како и што се очекуваше, моментално третопласираниот тим на табелата, Шалке, не дозволи никакво изненадување во премиерниот натпревар од 30. коло во германската Бундес лига и сосема заслужно со 2:0 го победи гостинскиот тим на Ајнтрахт од Франкфурт.

Саботните натпревари дефинитивно ќе поминат во знакот на најголемиот дерби натпревар во Германија, дуелот помеѓу старо-новиот шампион, Баерн (М) и моментално второпласираниот тим на табелата, Борсуија од Дортмунд.

Иако и официјално е освоена 24. тутула во домашниот шампионат, предводникот на баварскиот гигант, Пеп Гвардиола потврди нема да тактизира со почетниот состав и шанса ќе има даде на тие кои одиграа најдобро на реванш 1/4 финалниот натпревар од Лигата на шампиони.

Неговиот колега од спротивната страна, Јирген Клоп исто така потврди дека нема да тактизира со почетниот состав и додаде дека неговиот тим има и таква амбизиција да слави на “Алианс Арена” и на тој начин да се реваншира за поразот во есенскиот дел од сезоната.

Денеска на програмата: Борусија М. – Штутгарт, Фрајбург – Брауншвајг, Хановер – Хамбургер, Мајнц – Вердер, Волфсбург – Нирнберг, Баерн (М) – Борусија Д.