петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 38

ВИДЕО: ГЕРМАНИЈА НА НОЗЕ: Полициска потрага по терорист

Полицијата пронашла траги од експлозив, а во тек е потрага по сириски имигрант 22-годишниот Џабер Албакр.

germanijapolicija

Поврзани вести

Дел од германскиот град Хемниц во Саксонија е под полициска опасада поради закана од терористички напад. Во тек е потрага по млад Сириец.

Според информациите кои ги објави германски „Билд“, полицијата пронашла траги од експлозив, а во тек е потрага по сириски имигрант 22-годишниот Џабер Албакр.

„Фокус онлајн“ јавува дека одредено време бил под надзор на полицијата и тајните служби и дека е планиран бомбашки напад на еден германски аеродром.

„Синоќа добиме дојава од разузнавачките служби за сериозна терористичка закана“, изјавиле за „Билд“ извори од полицијата.

germanijaterorist

Германската полиција објавила негови фотографии и ги повикала сите кои го виделе или го познаваат да се јават.

Полицијата насила влегла во зграда во една населба во градот. Меѓутоа бараното лице не е пронајдено во зградата. Улиците се затворени за сообраќај.

Германија во јули беше мета на два напади за коишто одговорноста ја презеде Исламска држава.

 

Најчитани вести