Свет

Германија нема да ја толерира муслиманската шеријатска полиција

Германија нема да ја толерира муслиманската шеријатска полиција

Германската влада ќе се обиде да ја забрани групата на муслимански екстремисти кои се нарекуваат „шеријатска полиција“ и кои во западниот град Вупертал им зборуваат на луѓето да не конзумираат алкохол.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мајцер изјави за „Билд“ дека шеријатскиот закон нема да биде толериран во Германија.

Имено, група муслимани облечени во портокалови маици на кои со црни букви пишува шеријатска полиција оделе во некои делови на градот и на луѓето им зборувале да не пијат алкохол и да не посетуаат ноќни клубови.