Германија: Нов случај на ебола

Граѓанин на градот Бохум вчеравечер бил префрлен во болница откако здравствените власти во Германија се посмневале дека тој е инфициран со вирусот eбола, објавија германските медиуми.

Заболениот веднаш бил хоспитализиран во универзитетската болница во Дизелдорф каде што е изолиран од останатите пациенти.

Според властите во Западна Рајна Вестфалија, заболениот е од Гвинеја и тој не претставува опасност за јавното здравје.

Најголемите жаришта на болеста и понатаму остануваат Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Според информациите од Обединетите Нации, од опасната болест до сега заболеле околу 26.000 лица. Последниот случај на ебола во Германија е регистриран во ноември 2014 година кога доктор од Уганда успешно бил третиран во Франфурт.