Германија очекува рекорден број на азиланти

Во Германија оваа година се очекуваат најмалку 250.000 азиланти, што ќе биде рекорден број во изминатите 20-на години. Тоа се наведува во документ на Сојузната служба за имигранти и бегалци во кој Билд имале увид.

Тие наведуваат дека ќе има и околу 50.000 лица кои ќе повторат свое барање за азил. Во 1994 година кога во таа држава биле поднесени 322.000 молби за азил.

Во оваа година се очекуваат 50 отсто повеќе барања за азил отколку лани кога вкупно биле поднесени 202.800 молби.

Како основа за таков развој на ситуацијата во оваа година Сојузната служба ја наведува сириската и украинската криза и влошувањето на ситуацијата во Ирак.

Кога станува збор за азиланти од Косово оваа година до 12 февруари имало 18.000 луѓе со желба да бидат азиланти. Службата почнала со забрзана постапка за одлучување на барањата на Албанци од Косово.

– Со тоа на луѓето од Косово им даваме јасен сигнал дека поднесувањето барање за азил нема никакви шанси за успех во Германија, вели Манфред Шмит, шефот на таа Служба, во изјава за Рајнише пост.