Германија: Околу 300 илјади психолошки зависници од коцкање

Откриена нелегална обложувалница во Теарце
Откриена нелегална обложувалница во Теарце

Околу 300 илјади жители на Германија влегуваат во групата на патолошки коцкари, од кои 75 отсто од нив се зависни од автомати за коцкање, а вкупно годишно трошат повеќе од четири милијарди евра.

Освен автомати, други два најопасни облика на игри на среќи се обложувалниците и он-лајн покер.

Популарноста на автоматите има свое психолошко објаснување. Колку е пократок периодот меѓу игрите и резултатите, тоа е поголем потенцијал за зависност, наведуваат психолозите.

Полицијата предупредува дека разговорите со зависниците од игри на среќи личат на разговори со нарко зависници и се „вртат“ околу вплетканост во криминал, бидејќи се’ повеќе зависници до пари доаѓаат илегално, најчесто со крадење.