вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Германија: Основана веб страница што ќе ги едуцира мигрантите за секс

Поради обвинувањата за силување и други злосторства за мигрантите, Германија направи веб страница што ќе ги едуцира мигрантите за сексуалните вредности и репродуктивното здравје во Европа, јавува Раша Тудеј.

veb-strana-sex-migranti-1

Поврзани вести

Поради обвинувањата за силување и други злосторства за мигрантите, Германија направи веб страница што ќе ги едуцира мигрантите за сексуалните вредности и репродуктивното здравје во Европа, јавува Раша Тудеј.

Веб страната насловена „ Zanzu: My body in words and images“, беше основана од страна на германското министерство за здравство кон крајот на февруари.

Порталот, кој е достапен на 12 јазици, меѓу кои и на англиски, француски и арапски е дизајниран за „да им даде на мигрантите кои што кратко престојуваат во Германија, можност да се изнформираат за сексуалното и репродуктивното здравје“, пишуваат германските весници.

Занзу дава детален преглед на сите аспекти од сексуалниот живот, како за физичките така и за правните апсекти.

Силувањето е злосторство

Порталот ги предупредува мигрантите дека сексуалното насилство, меѓу кои и присилувањето на секс, сексуалното злоупотребување и силувањето се злосторства и дека сторителите може да бидат казнети за овие дела.

Исто така форма на сексуално насилство е и ако некој ве нападне со зборови или дејствија што се поврзани со сексот и ако некој се обидува да понижи на тој начин, се нагласува и се додава дека непристојните коментари, допирањето, вознемирувањето преку пораки или меилови или објавувањето на нечии разголени слики без дозвола се противзаконски.

Понатаму се вели дека истите правила важат и за лицата што се во брак или не се, затоа што „вие самите одлучувате дали некој член на семејството смее да ве допре“.

Исто така се нагласува дека е забрането „да се тепа партнерот, да му се заканувате или да го силувате. Или пак да го заклучите и да го држите во заложништво против неговата волја.“

На порталот има информации дека „женското осакатување на гениталиите (што се практикува во Азија и Африка) е забрането со закон во Германија“.

Најчитани вести