Германија планира да воведе патарини за странски автомобили

Германскиот министер за транспорт Александар Добринт планира да воведе патарина за автомобили на основ на кој странските возачи ќе плаќаат за возењето низ таа земја.

Германија веќе има патарини за камиони, но за разлика од многу европски земји нема патарина за автомобили.

Добринт, денес рекол дека милиони странски автомобили поминуваат низ Германија, а притоа не придонесуваат за одржувањето на германските сообраќајници, додавајќи дека таа „празнина предизвикана од праведноста“ треба да се пополни.

Добринт планира 2016 година да воведе налепници за патарина за сите автомобили.

Странските возачи ќе можат преку интернет или на бензинските станици да платат. Истовремено даноците на автомобилите во Германија ќе бидат намалени. Ој изразил увереност дека тоа нема да биде проблем.