Германија планира годишно да прима по 6.000 бегалци од Грција и Италија

Германија планира секоја година да прима по 6.000 бегалци од  Грција, заради регистрираниот застој во реализацијата на европската програма за релокација, пишува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

Ист број бегалци Германија планира секоја година да прима и од Италија.

Непримената на европската програма за релокација на околу 160.000 бегалци од Грција и Италија во други држави од ЕУ, се чини за принудува Германија да преземе иницијативи за помагање на овие две медитерански земји, кои се исклучително многу обременети од растечките бегалски прилив, смета весникот.

Извори во германското Министерство за надворешни работи за „Велт ам Зонтаг“ изјавиле дека планот предвидувал Германија годишно да прима по шест илјади бегалци од Грција и Италија, односно по 500 бегалци на месец од секоја од двете земји, а целта е на овој начин повторно да се соберат разделените бегалски семејства.