Германија планира увоз на негуватели од Косово и од Албанија

Германската влада подготвува опширна програма за доведување во земјата на странски негуватели, при што особено внимание им се придава на работници од Косово и од Албанија, пренесува во неделата весникот Bild am Sonntag.

„Засилено ќе бараме негуватели во странство, но во земјите со младо население коишто насмите немаат проблем со недостигот од негуватели, како што се Албанија и Косово“, вели германскиот министер за здравство Јенс Шпахн од Христијанско-демократската партија (ЦДУ) vo razgovoot za Bild am Sonntag.

Министерот додава дека обуката на негователи во Албанија и на Косово е „подобра отколку штео се мисли“. Проблемот во моментов е во издавањето на работните и визите за престој што наскоро би можело да се забрза. Исто така, траба да се поедностави и постапката за признавање на странските стручни свидетелства и дипломи.

Во заедничкото интервју на тема нега на старите лица, што спаѓа во примарните теми на новата германска влада, министрите за здравје Шпахн , министерката за семејство Франциска Гифеф, од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и нејзиниот сопартиец министерот за труд Хербетус Хеил, тврдат дека прво треба да се искористи потенцијалот на домашниот пазар на трудот, за што е потребно занимањето негуватели да се направи поатрактивно,мнеѓу другото и преку зголемување на платите.

„Мораме повторно негувателското занимање да го направиме атрактивно“, истакнува Гифеј. ЈЕил, пак, предлага одреден вид „пробен период“ за странските негуватели во чиј тек кандидатите не би имале право на социјална помош. „Доколку по половина година не најдат работа, потенцијалните работници би требало да се вратат дома“, вели.

Во програмата наречена „Концентрирана акција на нега“ вклучени се синдикатите, црвктеи и сојузните покраини. Министерот Шпахн најави дека во следните дванаесет месеци че склучи „задолжителни“ договори со заинтересираните страни во решавањето на овој проблем. Во моментов, според процените на синдикатите, на Германија ѝ недостигаат 70.000 негователи, а до 2030 година оваа бројка, поради забрзаното стареење на населението, би можела да се искачи и до 300.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.