четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Германија: Полицијата истражува 40 бегалци за поврзаност со тероризам

begalci

Последни вести

Германската разузнавачка агенција БКА од почетокот на бегалската криза во 2015. примила 369 дојави за припадници на џихадистички организации или за луѓе што поддржувале тероризам.

Според весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“ кој пренесува информации од БКА врз основа на дојавите се започнати 40 истраги против осомничени за членство во терористички организации или за подготовка на сериозен криминал.

За БКА нема дилеми дека заканите од терористички напади во Германија и Европа сеуште се високи.

– Нови напади од исламски терористички групи не можат да бидат орфрлени, сметаат претставници на БКА според кои во моментов нема конкретни докази за планирани напади.

Со потенцијалните закани се согласува и владејачката Христијанско-демократска унија на канцеларката Меркел, чиј експерт за внатрешна безбедност Волфганг Бошбах предупредува на терористите кои влегуваат во земјата.

– Заканите за опасни последици мора да се доживеат сериозно, вели Бошбах за весникот од Оснабрик додавајќи дека нападите во Париз и Брисел се добра причина за тоа.

Бошбах предупредува дека околу 60 отсто од над еден милион бегалци што пристигнале лани во Германија немаат пасош и нивниот идентитет е нејасен.

За разлика од десницата, германската левица бара бегалците да не се користат за заплашување од тероризам.

Портпаролот за внатрешна политика во Бундестагот од левицата Ула Јелпке вели дека „можноста индивидуални членови на ИСИС вклучително и убијци да се скриле меѓу бегалците не треба да води до заклучок дека барателите на азил од Сирија и Ирак треба да бидат осомничени за тероризам“.

Според последните статистики на германското Министерство за внатрешни работи во само во април само околу 16 илјади бегалци пристигнале во Германија, што е за речиси 10 пати помалку од септември или октомври минатата година.

Најчитани вести