Германија прими премногу мигранти, ЕУ треба да се заштити

Водечкиот германски експерт за миграции Рајнер Клинхолц предупредува дека Германија примила премногу бегалци и дека Европската унија мора да се заштити од продолжување на германската политика на отворени врати.

– Германија има потреба од работници, но ако дозволиме се да оди по својот тек премногу луѓе ќе дојдат, вели првиот човек на берлинскиот Институт за демографија и развој, Рајнер Клингхолц за весникот „Велт“.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, експертот за демографија предупредува дека лимитирана имиграција е корисна, но неограничен број на мигратни претставува опасност.

– Ние го искусивме тоа во Германија. Ако примиме повеќе бегалци како што се случи минатата година, Владата нема да може да реагира, истакна Клинхолц, кој тврди дека интеграцијата на бегалците е можна само доколку тие најдат работа во Германија што засега не е случај.

Клингхолц предвидува дека ако трендот со бегалците продолжи ќе се појават повеќе екстремни политички партии кои што ќе нудат „едноставни одговори“ за имиграцијата за да дојдат на власт.

Според него во моментов единствена причина зошто нема повеќе бегалци се рестриктивните мерки на ЕУ која што мора да се одбрани од нови бранови мигранти кои што можат да го дестабилизираат континентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.