Германија привремено се откажува од дебатата за распределба на бегалците во ЕУ

Германија е подготвена засега привремено да се откаже од дебатата за распределба на бегалците меѓу земјите членки на Европската унија, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во четвртокот во бугарската престолнина Софија.

На маргините од разговорот на министрите во Советот на ЕУ во Софија, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер рече дека постигнувањето на напредокот во пошироките реформи и азилантскиот систем на Европската унија, има смисла доколку во прв ред се биде концентриран на други прашања. м

Де Мезиер го остави отворено прашањето дали Германија на крајот ќе инсистира на одредување на бегалските квоти за земјите членки на ЕУ или не. „За тоа ќе одлучиме на крајот од преговорите“, рече.

Забелешките на де Мезиер доаѓаат во периодот кога има застој во планираните реформи на азилантските политики на ЕУ, коишто се закочија во 2016 година во екот на спорот за можние аранжмани на квотите.

Европската комисија и западните земји како што е Германија ги поддржуваат задолжителната обврска за земјите да преземаат бегалци, барем во случај на многу силен бегалски прилив. Меѓутоа, земјите членки од централна Европа, во прв ред Полска, Унгарија, Чешака, Словача а во последно време поблиска до тој став е и Австрија, одбиваат секаква обврска за отворање на своите граници.

Неодамна земјите од Вишеградската група добија недвосмислена поддршка од австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој тврди дека тоа не е мислење на само неколку земји членки, туку и на самите бегалци кои не сакаат да бидат сместени во земјите како споменатите или Бугарија и Романија. Доколку во овие земји би биле преместени насила, тие и натаму би настојувале да заминат во Германија, Австрија или Шведска што е поскоро можно, смета Курц.