Германија размислува да ги намали даноците во 2016

Идната година ќе бидат намалени даноците, изјави синоќа геманскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Изјавата ја даде по најновите прогнози коу укажуваат дека во државната каса ќе има околу 40 милијарди евра неочекувани даночни приходи во следните пет години.

Според официјална прогноза на комисија на германски експерти, во касата на државата регионите и општините до 2019 година ќе има 40 милијарди евра повеќе даночни приходи во однос на претходни анализи.

Шојбле наведе дека тие пари ќе остават простор за реформирање на еден парадокс во кој вработените кои добиваат зголемување автоматски и повисоко одданочување, и поради тоа нето платата е помала од онаа што ја земале претходно. Според него, целта на таа ревизија е даночна релаксација во вредност од 1,5 милијарди евра во 2016 година.