петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Германија со рекорден суфицит во 2015 година

germanija

Последни вести

Најсилната европска економија минатата година забележала рекорден суфицит во федералниот буџет во висина од речиси 20 милијарди евра што е рекорд од унификацијата на земјата во 1990. година, јави дописникот на МИА од Берлин.

Забележаните 19,4 милијарди евра суфицит се за над 10 милијарди повеќе од 2014 година кога суфицитот беше на ниво од 8,9 милијарди.

Но според статистичарите не е се розово во германската економија која ги чувствува последиците на забавувањето на глобалната економија.

Потенцијални проблеми за земјата може да предизвика падот на извозот за 1,7 проценти во последниот квартал од 2015 година, падот на побарувачката на светско ниво и ниската цена на нафтата, предупредуваат економистите кои за оваа година предвидуваат раст на економијата од 1,7 проценти, ниво забележано и минатата година.

Најчитани вести