Германија сака да ја ограничи доминацијата на компаниите како Google и Facebook

Германија сака да ги заузди и ограничи итернетските гиганти како што се Google и Facebook со јакнење на овластувањата на регулаторите на пазарот за да спречи ваквите компаниi да станат монопол, па се разгледуваат и мерки коишто би ги спречило големите компании да ги преземаат помалите.

Иницијативата, објавена инаку во вторникот, би можела да вклучува спречување на големите компании да ги преземаат помалите ривали на пазарот, и натамошно постапување во согласност со ветувањето на владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел дека ќе ги заузди големите американски интертнетски компании кои според оцените на голем број германски пратеници станале и премногу моќни.

„Мојата цел е нашиот закон за заштита на пазарното натпреварување да го направи што поефикасен. Притоа мораме да изнајдеме вистинска рамнотежа меѓу можноста за раст на германските и европските платформи и спречување на злоупотребата на пазарната сила“, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмаер.

Во 173 страници долгото истражување, коешто го порачал Алтамер, се повика на германските регулатори на пазарното конкурирање да им се дадат овластувања да дејствуваат и пред компаниите да ја достигнат критичната „пресвртница“ на патот кон постигнување монопол, што може брзо да се случи на интернет, имајќи го предвид на начинот на функционирање на самата мрежа.

Тоа би можело да вклучува, на пример, спречување на обиди за „мултихоминг“, кога една компанија бара од своите деловни партнери да работат исклучиво со неа, а никако со некој од нејзините ривали. Во вториот предлог, авторите на истражувањето тврдат дека регулаторите би требало да имаат можност да ги запрат големите компании од преземањето на помалите ривали во рамките на стратегијата за маргинализирање на конкурентите.

Студијата, исто така, предлага нов закон „податоците за сите“, кој би барал од доминатните платформи да ги споделуват податоците коишто ги добиваат. Тоа, на пример, би им овозможило на конкурентите да ги оспособат своите софтверски алгоритми на сличен стандард на пазарниот лидер, отворајќи го така монополизираниот пазар за повторно натпреварување.

Во меѓувреме, други пратеници тврдат дека доминантните платформи би требало да бидат принудени да се отворат, на пример, за да може да се комуницира со пријател на социјална мрежа иако двајцата не сте членови на истата, на начинот на кој денес фунцкионира електронската пошта и мобилната телефонија. Овој концепт, познат и како интеропераблност, не е обработен од страна на авторите на споменатото истражување, но го поддржуваат многу партии во германскиот парламент.

„Мораме да ги поддржуваме иновативните политики за податоци и да разговараме за новите идеи, би требало да бараме интероперабилност“, вели Надин Шен, парламентарна пратеничка од конзервативците на Меркел.

Алтмаер сега ќе формира комисија за изработка на нацртот за реформите на германскиот закон за пазарното натпреварување врз основа на препораките коишто стојат во извештајот.

Челниците на европските новински агенции го нападнаа Facebook и Google

Челниците на најголемите европски новински агенции во вторникот ги нападнаа Facebook и Google поради „кражба на вести“ во досега најостро составената изјава во којашто ги повикуваат пратениците во Европскиот парламент решително да продолжат да работат на контроверзната директива за авторските права на единствениот дигитален пазар.

„Бесрамната кражба на содржината на информативните медиуми и нивните приходи од огласувањата, зад кое стојат интернет гигантите, е закана и за потрошувачите и за демократијата“, се наведува во изјавата којашто ја потпишале 18 новински агенции.

Според предлог-директивата на Европската комисија за авторски права, интернетски платформи би требало да проверуваат, а можеби дури и да плаќаат за содржината на вестите кои ги ставаат на своите интернет страници.

Предлог-директивата, којашто по тврдењата на ЕУ требало да се воведе во XXI век и да обезбеди авторите на музиката, филмовите и вестите да бидат праведно платени за својот труд, ја започна една од најжестоките лобистички војни во историјата на Унијата во којашто силите ги одмеруваат на едната страна медиумските куќи и Пол Маккартни, а на другата се технолошките гиганти и поборниците на слободата на интернетот.

Од една страна се уметниците и традиционалните медиуми, автори на содржини на коишто очајно им требаат приходи во времето кога речиси сé на интернет може да се види бесплатно, а од друга страна се низата критичари, меѓу кои организацијата и Copyright for Creativity (C4C) и Силиконската долина, кои тврдат дека тие измени ќе доведат до тоа платформите да спроведуваат сеопшта цензура и дека тоа може да означи крај на мемовите, интернетските шеги кои се потпираат на куси видео снимки или фотографии, додека за предолжените „даноци на линкови“ тврдат ќе се задуши размената на мислењата на интернет.

Меѓу агенциите коишто ја потпишаа изјавата против Googl, Apple, Facebook и Amazon, се агенциите AFP, DPA, британската Новинска агенција – PA и турската Anadolu.

„Со падот на продажбата на весниците, единствена надеж е воведување на интернетските приходи. Но, големите интернет играчи едноставно бесплатно ги берат плодовите од трудот на издавачите и агенциските новинари, а резултатот е осиромашување на целите индустријата“, предупредуваат шефовите на агенциите и ги осудуваат Facebook и Google дека своето противење го градат на „целосна лага“, наводна закана за слободниот пристап на интернет.

„Ние сега бараме оние кои ги крадат вестите чесно да платат“, порачуваат новинските агенции.

Технолошката индустрија ја доби првата рунда од битката во јули кога пратениците во Европскиот парламент го отфрлија првиот нацрт-предлог од законот го испратија на доработка, а второто гласање за тоа прашање е закажано за 12-ти септември на пленарната седница во Стразбург.

Самите пратеници, исто така, се длабоко поделени. Десниот центар и социјалистите решително застанаа на страна на традиционалните медиуми и уметниците, кои технолошките гиганти ги споредуваат со индустријата на оружјето, додека, на пример, германските Зелени на спротивната страна и повторно предупредуваат на „ниски удари“ од медиумските компании и уметниците.

Борбата се води околу два елемента од предлог-законот. Првиот е членот 13 според кој палтформите како што се YouTube на Google би биле законски одговорни за контролата на содржината заштитена со авторски права, а да се спречи поткраднувањето на нивните автори.

Вториот е членот 11 кој во ткн „соседни права“ (авторското право на соседни или сродни права, односно ткн „данок на линкови“, според кој дневните весници, списанијата и новинские агенции би морале да добиваат надоместок за авторските права кога Google или другите интернет страници и платформи ги споделуваат линковите на нивните напси, вклучително и кусите оддели од написите.